Подготовката за бебе е многу возбудлива и вклучува доста работи кои треба да ги направите пред вашето бебенце да пристигне.
Дури и ако вашиот термин на породување е сè уште далеку, има многу работи кои можете да ги подготвите сега за да се спремите за вашето бебенце.
- Разговарајте со вашиот партнер за тоа како ќе се справите заедно со родителството и домаќинството.
- Почнете да купувате основна опрема за бебиња.
- Организирајте помош од најблиските за после породувањето.
- Едуцирајте се – можете да се пријавите на курсот за породување на МАММА.мк
- Припремете се психички за доаѓањето на новиот член.
- Имајте реални очекувања за периодот кој ви претстои.
- Соочете се со вашите стравови, особено доколку стравовите се поврзани со породувањето и грижата за новороденче тогаш навистина би имале од корист да го следите курсот за трудници на Мамма.мк со цел да се подготвите.
- Спремете ја торбицата за во болница.
- Најдете лекар за вашето бебе.
- Подгответе ги постарите браќа и сестри и миленичиња – за новороденче.
Можеби ви изгледа како вашата бременост дека ќе трае засекогаш, но времето брзо поминува и набрзо ќе го запознаете новото бебенце. Затоа во меѓувреме, искористете го ова време на чекање за да се подготвите за бебенцето и за породувањето најдобро што можете.