Home » Нов курс за ЦАРСКИ РЕЗ

Нов курс за ЦАРСКИ РЕЗ

ОПОРАВУВАЊЕ, НЕГА и ВЕЖБИ

by mamma.mk

Секоја нова мајка заслужува само најдобро и најквалитетна грижа по породувањето. Со задоволство ве информираме дека достапен е најновиот Курс за ЦАРСКИ РЕЗ – Опоравување, вежби и нега, кој е наменет да ви помогне да се подготвите и успешно да се опоравите по царски рез.

Курсот е дизајниран да одговори на потребите на трудници кои планираат да се породат со закажан царски рез, како и мамички кои веќе се породиле со царски рез.Курсот е наменет истотака за оние мамички кои веќе се породиле а чувствуваат дека ја немаат вратено силата во своето тело. Нашата цел е да ви обезбедиме бројни практични упатства, совети и информации што ќе ви помогнат во опоравувањето по операцијата.

Курсот ќе ви претстави целосниот процес на царски рез, вклучувајќи ги и причините зошто се применува оваа хируршка интервенција. Ќе добиете детални објаснувања за самата процедура, знаците на предпазливост по операцијата и како да препознаете знаци на можна инфекција. Со знаење и разбирање за овие аспекти, ќе ви помогнеме да се подготвите психолошки за тоа што може да очекувате во текот на операцијата и во периодот на опоравување.

Во курсот обрнуваме посебно внимание на првите движења во болничкиот кревет и на вежбите за опоравување уште од првиот ден. Дипломиран физиотерапевт, Мартина Исаковска-Стојановска, ќе ви ги објасни чекор по чекор упатствата за правилно движење и вежбите за зајакнување на мускулите и враќање во форма. Со правилното изведување на овие вежби, вашето тело ќе се опоравува брзо и ефикасно.

Исто така, нашите информации вклучуваат и грижа и нега на раната по царски рез. Знаеме колку важна е правилната грижа за раната за успешното опоравување, затоа ќе ви обезбедиме совети и упатства за правилното, движење, туширање, масажа, правилно наведнување. Ќе споделиме препорачи што смее а што не смее да се прави по операциата со царски рез.

Ве покануваме да се приклучите на нашиот Курс за ЦАРСКИ РЕЗ – Опоравување, вежби и нега, каде што ќе добиете целосна поддршка и знаење за здраво опоравување. Овој курс е ваш партнер во родителството и навистина вредна инвестиција во вашето здравје и опоравување – вашето тело ќе ви благодари!

ПРОГРАМАТА И КУРСОТ МОЖЕ ДА ГИ РАЗГЛЕДАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: КУРС ЗА ЦАРСКИ РЕЗ

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.