Home » 5 месец од бременоста

5 месец од бременоста

by mamma.mk

Кога започнавте да чувствувате дека вашето бебе се движи? За мајките кои се за првпат бремени најчесто ова се случува во петиот месец од бременоста. Ќе ги забележите тие нежни мали движења како пеперутки во вашиот стомак. А кога сме веќе таму, вашето стомаче најверојатно веќе и се познава и луѓето се почесто можеби ќе препознаваат дека сте бремена.

Бидете внимателни и забележете дали почнувате да ги забелжувате првите движења на вашето бебе кои најчесто се чувствуваат овој месец.

Продолжува растот на косата на главата и телото на бебето и неговите рамена и грбот се покриени со тенка коса која е наречена лануго.

Густа супстанца, наречена верникс, ја покрива кожата на вашето бебе за да ја заштити од изложеност на амнионска течност.

Очите на вашето бебе се целосно формирани. На крајот на 5 -тиот месец, вашето бебе отприлика е долго 26-30 см, а просечната тежина е околу 450 грама.


Симптоми кои може да ги имате во 5иот месец

✳️Болка во грбот
✳️Осетливи непца
✳️Киселини
✳️Зголемена тежина
✳️Отеченост во зглобовите
✳️Брекстон Хикс контракции
✳️Вагинален исцедок
✳️Гасови, подуеност
✳️Отежнато дишење
✳️Проблеми со спиењето

За повеќе информации околу породувањето погледнете го онлајн курсот за трудници на мамма.мк ТУКА.

Дознајте повеќе за развојот на вашето бебенце на курсот за трудници на апликацијата за следење бременост за трудници MAMMA PRENATAL. Може да ја симнете со кликање ТУКА.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.