Home » Потење во текот на бременоста

Потење во текот на бременоста

by mamma.mk

Во текот на бременоста телото се менува, а една од промените е потењето.
Зголеменото потење настанува поради:

1. Хормонални промени и промени во протокот на крв кои се случуваат за време на бременоста, може да доведат до зголемено потење. Вишокот на хормони влијат на телесната температура поради тоа се чувствувате потопло. Бактериите што предизвикуваат мирис се развиваат во топла, влажна средина, затоа потењето е пропратено со непријатен мирис.

2. Доколку сте под стрес, тоа може да има влијание врз мирисот на телото. Чувството на вознемиреност или преоптоварување може да го поттикне телото да реагира со потење.

3. Вашето тело добива дополнителна тежина за време на бременоста. Овој дополнителен напор може да влијае на зголемено потење.

Потењето представува природен, физиолошки процес со кој телото се детоксицира ослободувајќи се од токсини, и ја регулира својата телесна температура. Затоа потењето е многу важно!


Важно е да се знае дека не треба да ги затвориме порите од каде што се лачи потта, и да не го спречуваме природниот физиолошки процес.

Антиперспирантите со својот состав прават „чеп“ на порите, го спречуваат или намалуваат лачењето на потта.

Природните деодоранти кои се направени исклучиво од природни состојки и не содржат алуминиум делуваат на бактериите кои го предизвикуваат непријатниот мирис.

Го спречуваат развој и размножување на бактериите со помош на ензими кои ги неутрализираат миризбите. Не ги затвараат порите и не го спречуваат природниот физиолошки процес на потење.

Решение за непријатниот мирис кое е безбедно за трудниците и доилките е изборот на природни деодоранси кои ги неутрализираат непријатните мириси а притоа ги одржуваат природните регулаторни функции на кожата.

Weleda деодорансите се 100% природни и органски. Не содржат алуминиумски соли, не ги затвораат порите и не влијаат спротивно на природните процеси на вашето тело. Деодорансите може да се користат повеќе пати во текот на денот.

Природните есенцијални масла кои ги користиме во Weleda дезодорансите имаат антимикробно дејство кое го забавува растот на бактериите и спречува формирање на непријатни мириси. Тие исто така ги оставаат своите убави, освежувачки ароми на вашата кожа. Формулирани се да делуваат 24 часа. Можете да одберете кој е соодветен за вас, рол он или спреј, цитрус или калинка.

*Соодветни за употреба кај трудници, доилки и кај деца во пубертет.
*Дерматолошки тестирани и компатибилни со кожата. Без антиперспиранти состојки кои го спречуваат потењето вклучувајќи алуминиумски соли, вештачки конзерванси, мириси, бои и суровини базирани на минерални масла.

Можете да ги најдете кај: Weleda Macedonia (@weledamacedonia)

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.