Home » Татковци, колку треба да сте вклучени во периодот на бременоста?

Татковци, колку треба да сте вклучени во периодот на бременоста?

by mamma.mk

Морам да признаам дека треба да сте  вклучени што е можно поинтензивно во сите аспекти на бременоста, според вашите желби и можности.

Од се поголемо значење е воведувањето на таткото во бременоста како активен учесник заради твојата улога во поддршката на мајката во текот на бременоста. Таквата активна улога не само што ја обогатува бременоста и родителството, туку и менува некои стереотипи и очекувања поврзани со улогата на таткото, кои за среќа полека избледуваат.

Според истражувања, активното учество на таткото во бременоста има многу позитивено влијание на здравјето на мајката и детето.

Па така би сакала да дадам некои практични примери како партнерот може да ја поддржи својата партнерка за време на бременоста но и понатаму :

  1. Редовни посети на прегледи:
    • Да прашува прашања што го интересираат.
    • Да ја потсетува мајката доколку заборави да праша нешто.
    • Да го следи растот на бебето.
  2. Заедно подготвување за доаѓањето на бебето:
    • Заедно бирање на опрема.
    • Подготовка на просторот, уредување на собата.
    • Поставување детско креветче, седиште за во кола, шкафче за облека.
    • Физичка помош во поставувањето на опремата.
  3. Подршка за здрава исхрана:
    • Заедничко избирање на здрави намирници и оброци.
    • Помош во купувањето и приготвувањето на оброци и ужинки.
    • Исклучување на нездравата изхрана, како што се фаст фуд, газирани сокови итн.
  4. Поддршка за активност и вежбање:
    • Заено да вежбате доколку е одобрено од лекар или аеднички активности како прошетки и пешачење.
  5. Учество во дневни обврски:
    • Извршување на домашни задачи, особено доколку мајката не може.
    • Помош во купување на намирници, одржување на чистотата во домот, готвење, прошетка на миленичето итн.
  6. Заедничко бирање на име и учество во часовите за трудници:
    • Би било супер доколку можете заедно да ги слушате курсевите за трудници или курсот за развој на бебе од 0-6 месеци особено бидејќи е посветен на нега на бебе, капење, менување пелена, како да се држи бебето, како се подригнува бето, како да се поврзете со него кои освен на мајкаа од голема корист ќе бидат и за таткото…
  7. Психолошка поддршка за мајката:
    • Активно слушање на потребите и желбите на мајката.
    • Изразување на поддршка и разбирање за истите.

Иден тато само мало потсетување дека создавањето на нов член во семејството е тешка, но и чудесна задача и нормално е некогаш твојата партнерка да биде изморена, преплавена со емоции, раздразлива, понекогаш расположена или пак вознемирена и уплашена.  Нормално е и да плаче за ситници, или да се грижи за работи за кои порано не се секирала.

Твоја задача е да ја поддржиш во овој период бидејќи сите хормонални промени различно влијаат на сите жени.

Бременоста често сакам да ја споредам со – долга, напорна, задача со различни етапи и изненадувања, но искуство исполнето со емоции и радости. Оваа активна улога на таткото не само што го подобрува здравјето на мајката и детето, туку и ја засилува врската помеѓу партнерите, правејќи го целиот процес на бременост и родителство едно посреќно и исполнето искуство.

Ве очекува прекрасен период, уживајте заедно во него!

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.