Во 6тиот месец од бременоста кожата на вашето бебе е сеуште прозирна, но и црвеникава и збрчкана. Се создава и масното ткиво.
Она што е многу интересно е дека отпечатоците од прсти стануваат добро развиени.
Очните капаци на бебето се разделуваат, а очите конечно може да се отворат.
Вашето бебе ќе реагира на надворешни дразби како што се звуците со зголемување на пулсот или движењата.
Овој месец може да забележите и икање кај вашето бебе. На крајот на 6 -тиот месец, просечната должина на бебето е околу 37, а просечната тежина околу 870грама.
Симптоми кои може да ги имате во 6иот месец:
Болка во грбот
Неудобност
Проблеми со спиење
Киселини
Зголемена тежина
Отеченост
Брекстон Хикс контракции
Гасови, подуеност
Проблеми со дишење
Зголемен крвен притисок
Запек, хемороиди
Проширени вени
Зголемени гради
Често мокрење
За повеќе информации околу породувањето погледнете го онлајн курсот за трудници на мамма.мк ТУКА.
Дознајте повеќе за развојот на вашето бебенце на курсот за трудници на апликацијата за следење бременост за трудници MAMMA PRENATAL. Може да ја симнете со кликање ТУКА.