Home » Перинеална масажа

Перинеална масажа

by mamma.mk

Масажата на перинеумот се практикува за време на бременоста од 34-та недела, за да се зголеми еластичноста на перинеумот. Подрачје кое во периодот на породување, се подложува на големо истегнување (се предлагаат 5-10 минути масажа дневно).

МАСАЖАТА МОЖЕ ДА ГИ НАМАЛИ ШАНСИТЕ ЗА ЕПИЗИОТОМИЈА И ПОМАГА ДА СЕ СПРЕЧАТ ЛАЦЕРАЦИИ НА ПЕРИНЕУМОТ А, МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ЗАЗДРАВУВАЊЕТО НА КОЈА БИЛО ЛУЗНА.

ШТО Е ЕПИЗИОТОМИЈА?

Епизиотомија е хируршка интервенција, односно засек направен во перинеумот за да се зголеми вагиналниот отвор непосредно пред појавата на главата на бебето.

Епизиотомијата се прави така што се сече перинеумот – мускулниот дел помеѓу вагината и анусот, со цел да се прошири вагиналниот отвор.

Некои лекари оваа постапка ја прават рутински, особено ако се работи за прво породување на жената.

Епизиотомијата обично не е рутинска процедура и се прави само ако перинеумот не се протега соодветно и го попречува породувањето, обично само за првите породувања на термин. Оваа постапка го спречува прекумерно истегнување и можно кинење на ткивата на перинеумот а шиењето на засекот се прави со анестезија и понекогаш може да е понепријатно од самото епизиотомија.

Епизиотомијата се прави со цел да се убрза породувањето и заради уверувањето дека хируршкиот рез од епизиотомијата ќе заздрави полесно од евентуалното спонтано раскинување на перинеумот. Во минатото многу од стручњаците сметале дека епизотомијата ќе помогне и за да се намали шансата за јавување на неконтролирано испуштање на урина или измет.

Но, во изминатите две декади се направени голем број на студии, кои покажуваат дека овие уверувања не се точни. Всушност овие студии покажауваат дека рутински извршуваната епизотомија, не само што не помага, туку понекогаш и ја влошува ситуацијата. Заради оваа причина во многу западни земји епизотомијата веќе не се препорачува како рутинска процедура.

 МАСАЖАТА НА ПЕРИНЕУМОТ Е АЛАТКА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА СÈ УШТЕ МАЛКУ ПОЗНАТ ДЕЛ ОД ЖЕНСКОТО ТЕЛО.

  • Перинеалната масажа помага за потхранување на ткивата, подобрување на нивната васкуларизација, правејќи го ткивото поеластично дури и во случај на проблеми при сексуален однос.
  • Масажата на перинеумот може да се практикува и во менопауза за време на процесот на рехабилитација на перинеумот.
  • Го стимулира дотокот на крв во перинеумот и помага во побрзото заздравување после породувањето.
  • И помага на жената да се подготви за чувството на притисок и растегање, кое се случува за време на породувањето

Според сведочењето на некои бабици, кожата на перинеумот кај жените кои ја практикувле масажата, се растегнала подобро околу главата на бебето. Исто така овие жени имале поголема контрола при излегувањето на главата на бебето, биле подготвени за она што го чувствувале, не се плашеле и не го забрзувале породувањето.

КОГА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРАКТИКУВА ПЕРИНЕАЛНА МАСАЖА?

Перинеалната масажа треба да се избегнува ако жената има активен херпес, кандида или било каква вагинална инфекција. Во таков случај инфекцијата би можела да се прошири и да дојде до влошување на состојбата.

Исто така многу важно е масажата да се прави правилно. Треба да се избегнува делот околу мочниот отвор за да не дојде до инфекции на мочните патишта.

КАКО СЕ ПРАВИ ПЕРИНЕАЛНА МАСАЖА?

Со перинеална масажа се започнува обично 4-6 седмици пред породувањето. Постојат повеќе видови на перинеална масажа, тука ќе објасниме еден од нив. Потребно е масажата да се практикува секој ден до породувањето.

Добро измијте ги рацете, ноктите нека ви бидат потсечени.

Најдете удобно место и седнете или легнете на грбот во удобна позиција. Некои жени преферираат да лежат на страна и да ја ставаат раката од зад грбот.

Користете природно растително масло, без додадени мириси. Намачкајте ги со него палците, работ на отворот на вагината и околината.

Ставете го едниот или двата палца околу 2-4 см во вагината. Притискајте надолу и странично во исто време. Нежно, но цврсто продолжете да растегнувате надолу, се додека не почувствувате слабо пецкање.

Задржете го притисокот така околу 2 минути, додека местото малку не отрпне и повеќе нема да го чувствувате пецкањето.

Продолжете да притискате со палците. Полека и нежно масирајте ја долната половина на вагината, со движења напред – назад. Правете го ова по 3-4 минути. Запомнете треба да го избегнувате делот околу отворот за мокрење. Започнете со блага масажа, а притисокот зголемете го кога местото нема да биде толку осетливо.

Додека масирате, нежно растегнувајте го долниот дел од вагината нанадвор со палците. Ова помага да се растегне кожата, како што ќе се растегне кога ќе излегува главата на бебето.

Доколку не можете сами да ја правите масажата, во тоа може да ви помогне вашиот сопруг.

БИДЕЈЌИ ПЕРИНЕУМОТ Е ЦЕНТРАЛЕН ОРГАН ВО ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ, ВО НЕГОВИОТ ДИНАМИЧЕН, ЕМОЦИОНАЛЕН И ФИЗИОЛОШКИ АСПЕКТ, WELEDA МАСЛОТО ЗА ПЕРИНЕАЛНА МАСАЖА МОЖЕ ДА ПРЕТСТАВУВА ВРЕДЕН СОЈУЗНИК ВО РАЗЛИЧНИ МОМЕНТИ И ЦИКЛУСИ ОД ЖИВОТОТ НА ЖЕНАТА.

Препорака за масло за масажа на перинеум

WELEDA МАСЛО ЗА МАСАЖА НА ПЕРИНЕУМ ПОДРАЧЈЕТО

Исклучиво природен производ, развиен со соработка на специјализирани акушерки и специфичен за поддршка на деликатната област на перинеумот во периодот пред, за време и по породувањето.

Благодарение на маслата од сладок бадем и пченични никулци, богати со витамин Е, го зајакнува и го прави перинеалното ткиво на кожата поеластично, намалувајќи го ризикот од лацерации.

Мешавината на етерични масла го вклучува и етеричното масло од жалфија, познато уште од античко време во лекувањето на женските заболувања, кое има релаксирачко дејство на ткивото и есенцијалното масло од роза Damascena, со еластични и регенеративни својства.

Weleda Маслото за перинеална масажа промовира и подобро заздравување во случај на епизиотомија.

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.