Оваа програма опфаќа 5 одделни модули на кои ќе имате пристап во текот на 6 недели, а вклучува предавања на темите: бременост, теорија на породување, техники на справување со контракции и болки, вовед во доење и исхрана на новороденче и вовед во грижа за новороденче . Програмата е составена од едукативни видеа, но и пдф материјали како чек листи за во болница, и за бебе, материјали за пополнување и потсетување кои ќе можете да си ги испринтатате и аудио медитации кои ќе може да ги преземете за да ги слушате и по завршување на курсот.
Оваа програма е наменета за трудници во било кој период од бременоста, но сакам да им кажам едно големо добредојде и на вашите партнери, кои се добредојдени да ги следат часовите и да научат нешто повеќе за грижата за бебе и како да бидат вашата поддршка во пренаталниот и постродилниот период.
Во склоп на оваа програма еднаш месечно ќе се одржува и онлајн состанок во живо, каде што ќе се запознаеме, практично ќе демонстрираме некои техники и ќе одговараме на сите дополнителни прашања кои ги имате во врска со бременоста, породувањето и новороденчето.
Comments are closed.