Home » Безусловна љубов: За сите мајки, без разлика на начинот на хранење на вашето бебе

Безусловна љубов: За сите мајки, без разлика на начинот на хранење на вашето бебе

by mamma.mk

Драги мајки,

Во текот на оваа Светска недела на доење, сакам да го искористам овој момент за да ве поддржам сите вас, без разлика на начинот на кој ги храните вашите прекрасни бебиња.

Бенефитите од доење се бројни како и што споделувам информации за тоа оваа недела, и многу мајки доењето го доживуваат како прекрасно искуство и посебен начин на поврзување со своите деца. Но, исто така, знам дека не секоја мајка може или сака да дои. Понекогаш тоа е поради медицински причини, лични избори, или едноставно затоа што животот понекогаш не оди како што сме планирале.

Сакам да ви кажам нешто што можеби не го слушате доволно често: Вие сте неверојатни мајки. Независно дали ги храните вашите бебиња со доење или со формула, вие правите се што можете за да им обезбедите љубов, грижа и здравје.

Верувам дека многу од вас се чувствуваат под притисок поради општествените очекувања и коментарите поврзани за доењето. Понекогаш, пораките за важноста на доењето можат да се почувствуваат како судење за оние кои одлучиле или биле принудени да хранат со формула. Овој притисок дури може да направи да се чувствувате како да не сте успеале, но вистината е далеку од тоа. 

Дојката или шишето, тоа не ја дефинира вашата љубов и посветеност. Насмевката на бебето, првите чекори, начинот на кој ве гушкаат – тоа е доказот за вашата неуморна грижа и љубов. Секој пат кога се будите во сред ноќ, секој пат кога се смеете со нив, кога ги тешите и гушкате – вие сте МАМА херој во нивните мали светови.

Знам дека може да биде тешко и исцрпувачки, и знам дека притисокот и очекувањата од другите можат да ве оптоварат. Но, запомнете, не постои еднаква формула за идеално родителство. Вие го правите најдоброто за вашето дете, и тоа е она што е најважно.

Сите ние имаме свои приказни, свои борби и свои успеси. На крајот, важно е да се поддржуваме и разбираме една со друга, без осудување.

Вие сте најдобрите мајки за вашите деца, затоа што нивната љубов кон вас е безусловна и чиста.

Не знам дали постои некој поважен на светот за малите деца од МАМА и ТАТО! Вие сте им целиот свет…

Најважно од се е да ги сакате  вашите деца и да се грижите за нив со цело срце.

Со љубов ваша,

Мамма Сандра

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.