Home » ХРАНЕЊЕ ОД ШИШЕ СО МАЈЧИНО МЛЕКО

ХРАНЕЊЕ ОД ШИШЕ СО МАЈЧИНО МЛЕКО

by mamma.mk

ХРАНЕЊЕ ОД ШИШЕ СО МАЈЧИНО МЛЕКО
КАКО ДА ГО НАХРАНИТЕ НОВОРОДЕНЧЕТО СО ШИШЕ
Се почесто мајките мораат да го остават своето бебе многу рано, дури и по неколку месеци, за да се
вратат на работа. Покрај разбирливата загриженост дека мора да го напуштат своето малечко, постои и
страв од прекинување на доењето, со оглед на неможноста мајката секогаш да биде присутна. Во
реалноста, продолжувањето на доењето е можно дури и кога се враќате на работа.

РАЧНА ИЛИ ЕЛЕКТРИЧНА ПУМПА ЗА ГРАДИ
Со помош на пумпа за гради, мајчиното млеко може да се собере во стерилен сад и да се чува во
фрижидер или замрзнувач. На овој начин, кога сте на работа или надвор од дома, вашето бебе може да
продолжи да се храни со вашето млеко преку шише за комбинирано хранење. На овој начин, бебето ќе
продолжи да ги ужива сите придобивки од мајчиното млеко, дури и кога вие не сте таму.

НАЈДОБРО ШИШЕ ЗА КОМБИНИРАНО ХРАНЕЊЕ: КОЕ ДА СЕ ИЗБЕРЕ?
Во случај на комбинирано хранење, особено во првите неколку месеци, препорачливо е да се користи
тип кој што повеќе го имитира доењето, обезбедувајќи цицање слично на природното хранење за
бебето да нема потешкотии да се врати на мајчината града. Препорачливо е да изберете шише со
широка и навалена цуцла во првите неколку месеци, што гарантира широка потпора на усните исто
како кај градите, а која секогаш останува полна со млеко.

КОЈА ПОЗИЦИЈА ДА СЕ ИЗБЕРЕ ЗА ХРАНЕЊЕ СО ШИШЕ?
Изборот на вистинското место и позиција игра важна улога. Околината мора да биде мирна и опуштена.
За правилна положба, се препорачува да ја ставите раката околу бебето и да се погрижите да остане
полуседнато со главата потпрена на внатрешната страна на лактот.

ОСТАТОК ОД МАЈЧИНО МЛЕКО ВО ШИШЕТО: ШТО ДА СЕ НАПРАВИ?

Ако вашето бебе не го заврши шишето мајчино млеко за време на доењето, не е можно да го чувате за
следното хранење. Загреаното и преостанато млеко мора да се конзумира во рок од најмногу 1 или 2
часа, по што млекото не може повторно да му се понуди на бебето. Поради оваа причина, подобро е да
се складира мајчиното млеко во мали количини и да се користи само она што е неопходно за да се
избегне отпад.
Конечно, важно е секогаш да го измиете и стерилизирате шишето по употреба.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.