Home » Денес дај си 5!

Денес дај си 5!

Порака за сите од една наша мама

by mamma.mk

Често во разговорите со мајки приметувам дека посебно при крајот на годината, кога се прави и некоја ретроспектива, упорно ставаат фокус своите грешки и неуспеси, а добрите работи како во потполност да ги занемаруваат. Како на пример: – се лутиш на себе што не секогаш успеваш да реагираш смирено – често ти изгледа како во дворот на другите мајки да е “позелена тревата” (илузијата на социјалните мрежи) – Го споредуваш твоето 4то поглавје со туѓото можеби 10то. – Со денови се осеќаш беспомошно – Чувствуваш огромна вина дека не можеш да постигнеш се што ќе посакаш (среден дом, кариера, дете, време за себе…) – Си мислиш како ништо не ти поаѓа од рака – Си замеруваш зошто не знаеш подобро и сл…. Затоа драга мама ова сакам да биде еден декемвриски потсетник за твоите квалитети и фокусот да го насочиш кон сите работи кои ги правиш одлично.

Иако понекогаш се лутиш на себе си и си замеруваш за своите акции, сакам денес да освестиш дека таа твоја способносѕ да ги препознаеш овие работи е првиот чекор кон промената кон која тежнееш. Дај си признание за тоа дека ова е знак дека знаеш да направиш интроспекција и имаш способност да се соочиш со сама себе. Иако тревата ти изгледа позелена во дворот на соседната мајка, знај дека секоја една од нас се соочува со својте предизвици и има свои моменти на несигурност. Ти не си исклучок, но твојата сила лежи во тоа што се трудиш да си подобра, и спремна си да учиш и растеш по пат. Да не е така сега не би го ни читала овој текст. ????

Твоето дете не ја мери твојата вредност по стандардите кои ти си ги поставила во својата глава. Па немој ни ти ја мериш својата вредност во однос на тоа колку ти е чист у среден домот, дали имаш фризура, што облека носиш денес, колку домашна храна зготви неделава, па немој дури ни по тоа што понекогаш знаеш да се налутиш и да викнеш. Дури и кога се соочуваш со разни предизвици околу децата(тантруми, регресии во спиење, испитување на граници… и слично) ти сеуште си нивниот главен јунак. За нив си број 1. Не заборавај дека твоето дете не бара совршена мајка, туку те бара тебе- со сите твои предности и маани, насмевки и солзи. Детето сака да биде секогаш со вистинската ТИ, без осудување за било кој аспект на тоа што си, а си прекрасна душа.

Денес наместо самокритизирање и самосожалување, те повикувам да направиш листа на сите големи и мали успеси. Ќе видиш дека е долга. Па прослави ги моментите кога си помажа стрпливост, разбирање, прослави ги бакнежите за добра ноќ и прочитаните приказни. И моментите кога си освестена за акциите кои ги правиш и си присутна. Гушни го не само своето дете, што те учи на нешто ново секој ден, туку и тоа внатрешното дете на кое му е потребно твоето разбирање, одобрување и љубов.

Денес и секој ден биди понежна спрема себе. И цени се како што ја цениш и твојата најдобра пријателка. Доволна си баш таква каква што си. Со љубов…????????????

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.