Во есен и зима, наглите промени на времето – студот, ветерот, снегот, влагата влијаат на кожата. Детската кожа е многу потенка од возрасната и таа полесно реагира на овие промени. Затоа таа мора да е совршено заштитена.
Испукани усни, сува кожа, зацрвенети образи е јасен знак дека хидролипидниот слој на кожата е оштетен и потребна е соодветна нега која ќе обезбеди заштита од временските промени.
Заштитете ја детската кожа од студот
Бебињата и децата сакаат и треба да поминуваат време надвор во природа и покрај студот и ниските температури.
За време на прошетките и игрите на отворено, на децата, покрај топлата облека им треба и нежна и топла заштита на кожата која е директно изложена.
Направете природна бариера на кожата на детското лице и раце со Weleda заштитниот балсам од ветер и студ кој содржи органско бадемово масло, хранлив ланолин и смирувачки екстракт од органски невен. Овој мелем освен што ја негува и храни чувствителната кожа, нема да дозволи оштетување на хидролипидниот слој и на тој начин ќе ја заштити кожата од сушење.
За време на зимувањето на планина, мора да бидете исклучително внимателни бидејќи на поголема надморска височина, сончевите зраци се многу поинтензивни и можат да предизвикаат изгореници како и во летните месеци. Се препорачува на изложените области на телото да се нанесе Weleda заштитен балсам, но и дополнително Weleda крема со SPF 50+ или Weleda лосион со SPF 30+. Производите за заштита на сонце содржат 100% не-нано минерални УВ филтри кои ги одбиваат сончевите зраци, сончогледово и кокосово масло кои ја хранат и зајакнуваат природната бариера на кожата.
Врската на човекот со природата треба да биде блиска и постојана. Не дозволувајте промената на времето да ја скратат детската игра и времето поминато во природата.
Ние сме природа!
Weleda – природна и органска нега повеќе од еден век!
Производите може да ги најдете тука.