Драги идни мамички!
Со радост ја очекувам нашата дружба во текот на еден месец, 5 предавања секој понеделник од 20 часот дизајнирани да ви донесат сигурност, самодоверба и знаење за ова важно патување.
Преку 5 предавања во живо, кои ќе ги водам јас, сертифициран едукатор за породување и дула Сандра Гаќидев, ќе ви пренесам знаење и вештини, како што се теоријата на породување, техниките за справување со контракции, доењето и негата на бебето. Освен предавањата ќе добиете и пдф материјали како чек листи за во болница, и за бебе, материјали за пополнување и потсетување кои ќе можете да си ги испринтатате.
Оваа програма е наменета за трудници во било кој период од бременоста, но сакам да им кажам едно големо добредојде и на вашите партнери, кои се добредојдени да ги следат часовите и да научат нешто повеќе за грижата за бебе и како да бидат вашата поддршка во пренаталниот и постродилниот период.
Се радувам што заедно ќе имаме можност да се подготвиме за едно од најважните искуства во вашето живот.
Резервирајте го вашето место веднаш и стапнете на патот кон спокојно и позитивно породување.
Со радост ја очекувам нашата дружба!