Home » 9ти месец од бременоста

9ти месец од бременоста

by mamma.mk

Конечно дојде и тој ден, оваа авантура е скоро при крај.

Во исчекување сте кој ли ќе биде денот кога ќе се сретнете за прв пат со вашето малечко.

Белите дробови стануваат зрели во ова фаза за подготовка за раѓање. Рефлексите стануваат покоординирани, и му овозможуваат на бебето да реагира на звуци, да трепка и да ја врти главата.

Бебето може да се движи помалку во текот на последните неколку недели и ќе се смести во положба за раѓање, со главата надолу во близина на породилниот канал.

Во 37мата недела бебето се смета веќе за терминско што значи дека доколку се роди, тоа ќе биде целосно подготвено за живот во надворешниот свет.

Вашето бебе сега може да е долго и  околу 54 см и да тежи од 2900 па до 4000 гр и повеќе.

Симптоми кои може да ги имате во 9иот месец

Колострум
Болка во Грбот
Неудобност
Проблеми со спиење
Полесно дишење
Стрии
Брекстон Хикс контракции
Гасови, подуеност
Запек, хемороиди
Проширени вени
Зголемени гради
Често мокрење

Мамичкиии, ви посакувам со лесно!

За повеќе информации околу породувањето погледнете го онлајн курсот за трудници на мамма.мк ТУКА.

Дознајте повеќе за развојот на вашето бебенце на курсот за трудници на апликацијата за следење бременост за трудници MAMMA PRENATAL. Може да ја симнете со кликање ТУКА.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.