Уште малку време остана од ова неверојатна авантура.
Вашето бебе го препознава вашиот глас! Затоа не заборавајте да му зборувате 🙂
Бебето продолжува да созрева во текот на овој месец, складирајќи ги резервите на маснотии и доживува брз развој на мозокот.
Сите сетила се развиени и функционираат. Некои бебиња се вртат со главата надолу.
Повеќето внатрешни органи и системи се целосно развиени, но на белите дробови сеуште им треба време да созреат.
Бебето е долго околу 46 см, а просечната тежина е околу 2380 грама.
Симптоми кои може да ги имате во 8иот месец:
Колострум
Затемнети брадавици
Болка во грбот
Неудобност
Потење на дланките
Проблеми со спиење
Недостиг на здив
Стрии
Отеченост
Брекстон Хикс контракции
Гасови, подуеност
Проблеми со дишење
Главоболка
Запек, хемороиди
Проширени вени
Зголемени гради
Често мокрење
За повеќе информации околу породувањето погледнете го онлајн курсот за трудници на мамма.мк ТУКА.
Дознајте повеќе за развојот на вашето бебенце на курсот за трудници на апликацијата за следење бременост за трудници MAMMA PRENATAL. Може да ја симнете со кликање ТУКА.