Полека доаѓаат ладните денови и носат температурни промени, ладни ветрови и влажност во воздухот кои се неизбежен дел од сезоната, а бремените жени треба да бидат особено внимателни за своето здравје во овие услови. Спроведување на правилни мерки за нега, избор на соодветна облека, водење на здрава исхрана и внимателно управување со евентуални здравствени предизвици може значително да го подобри искуството на бременост во зимските месеци.
Во продолжение ви подготвив 5 совети за како да се адаптирате на зимските студени денови и на што да внимавате.
1. Tопла облека
Понекогаш во зима кога е ладно и кога голем дел од облеката и палтата не ве собираат веќе може да ја занемарите важноста на топлата облека. Облекувањето со топла облека, вклучувајќи јакни, капи, ракавици и чизми, е неопходно за заштита од студот и одржување на телесната топлина во зимата.
2. Вируси и настинки и внимателност со употребата на лекови
Зимата може да биде време кога се зголемуваат ризиците од настинки и вируси. Бремените жени треба да се придржуваат на редовните медицински прегледи и следења, особено ако станат жртви на вирус или инфекција. Избегнувајте средби со личности кои знаете дека се настинати.
Особено внимавајте и на лековите кои ги земате, дури и да сметате дека се работи за некои обични лекови за настинка. Пред употребата на било каков лек, треба да се консултирате со својот лекар за да бидете сигурни дека тој е безбеден за употреба во бременоста и дека не предизвикува ризици за вашето здравје и за здравјето на вашето бебе.
4. Хидратација на кожата
Ставањето на крема на кожата може да биде важен дел од рутината за нега на бремените жени во зима. Сувата кожа е чест проблем во зимските месеци но и кај бремените жени, особено со раст на бебето, може да настане дополнително сушење на кожата.
5. Правилна исхрана
Правилната исхрана е клучна за здравјето на бремената жена и развојот на бебето. Зимата може да го направи ова уште предизвикувачко, бидејќи тенденцијата за тешка и нездрава храна може да биде голема особено околу празниците. Бремените жени треба да се обидат да ги вклучат здравите исхранбени опции во својето мени и да ги избегнуваат непотребните калории. Повеќе околу здравата исхрана во бременоста зборуваме во нашиот курс за трудници.
5. Физичка активност и одмор
Бремените жени треба да ги одржуваат редовните физички активности, под услов дека тоа е безбедно и со совет од лекарот. Исто така, треба да посветат доволно време за одмор и релаксација. Зимата може да биде напорна за телото, и бремените жени треба да го слушаат своето тело и да земат потребен одмор кога е потребно.