Мајките и бабите, свекрвите, тетките се често нашите први и најважни советници кога станува збор за бременоста и грижата за бебињата. Ова се три работи кои јас лично ги слушнав од мојата баба, затоа е многу важно да знаеме дека понекогаш некои стари обичаи и верувања, се имаат изменето во текот на годините , и треба да се едуцираме и да ги следиме најновите препораки кога станува збор за грижата за бебе. Нивното искуство и љубов се од непроценлива вредност и можат да ни помогнат да се справиме со многу предизвици. Сепак, понекогаш нивните совети може да не збунат, бидејќи тие се базирани на информации и верувања кои биле актуелни во минатото, но денес можеби не се точни. Во оваа статија, ќе разгледаме три чести митови кои можеби сте ги слушнале од вашата мајка или баба, но не се точни.
- Дај му вода на бебето – жедно е
Можеби сте слушнале дека бебињата треба да пијат вода, особено во топлите месеци. Сепак, ова не е точно за бебиња под шест месеци. Мајчиното млеко или формулата обезбедуваат сè што им е потребно, вклучувајќи хидратација. Давањето вода на толку мали бебиња може да го наруши нивниот електролитен баланс и да предизвика здравствени проблеми.
- Стави ја цуцлата во малку мед, за да го смириш бебето
Ставањето на цуцлата во мед за да се смири бебето е стар обичај кој може да биде опасен. Давањето мед на бебенца може да предизвика ботулизам, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај бебињата под една година. Затоа, медот не треба да се дава на бебиња под 1 годинка.
- Бремена си, сега треба да јадеш за двајца
Можеби сте слушнале од вашата мајка или баба дека сега е време да се јаде за двајца. Ова сепак е мит, иако нашите баби секогаш се грижат дека не јадеме доволно во бременоста е многу важно да не се претера со храната, водејќи се по ова верување. Бремените жени треба да се фокусираат на квалитетот, а не на количината на храната. Прекумерното јадење може да доведе до непотребно зголемување на тежината и други здравствени проблеми. Важно е да се јаде здрава и балансирана храна, а не двојно повеќе.
На кусот за трудници зборувам многу околку здравата исхрана во бременоста што и колку всушност е препорачливо да се јаде повеќе кога носиме бебенце.
Искуството и советите на мајките и бабите се драгоцени, но важно е да се прави разлика помеѓу традиционалните верувања и научно потврдените информации. Во денешно време, благодарение на напредокот на медицината и истражувањата, имаме пристап до точни податоци кои можат да обезбедат најдобра грижа за мајката и бебето. Да ги почитуваме нивните намери и љубов, но да ги комбинираме со современите сознанија за да донесуваме информирани одлуки кои ќе го обезбедат здравјето и благосостојбата на нашите најмили дечиња.
Затоа на курсот за развој на бебе од 0 до 6 месеци и од 6 до 12 месеци разбиваме многу митови и се информираме за актуелните препораки за грижа за бебе.
Програмите може да ги разгледате тука: