Хелоу! Дојде ред и на мојата приказна, после 10 дена малку дојдовме на ред па да споделам и јас. Овој пат решив да се породам во Чаир, првото породување беше во една приватна болница па не бев сигурна како ќе се одвива овој пат бидејќи никогаш не сум била во државна болница ни на обичен преглед, така да се ми беше изненадување. На св. Никола ги имав првите болки, не беа на ист интервал но беа поинтензивни. Цела ноќ! Најмногу ми помогнаа методите за дишење од курсот и позитивните афирмации. Утрото на прв преглед во Чаир се покажа грло затворено, плодова вода има, болки слаби. Ајде дома, на преглед за 1 недела. Следната недела ми кажаа дека бебе е мало, не соодветствува со неделите и можно е породувањето да биде дури и одложено, термин на денешен ден инаку. После само 2 дена јас прокрварев, слаба сукрвица и веќе имав болки.
Но големиот батко имаше приредба дента и решив да ја изгледам па да одам во Чаир. Таму на цтг болки, затворено грло, решија да ме задржат.
И почна! Почнаа болки на отприлика 5мин, во предродилна на цтг имав најубаво искуство на свет, како во приватна болница. Сестри, докторки, сите феноменални. Ме пратија на патолошка зошто не се отварав воопшто а имав болки, бар да отспијам. Ама дечково што моментално лежи до мене не мислеше така. Со еден удар околу папокот отиде водењакот. Ајде назад во предродилна. На цтг болки има, грло бетонирано…
До утрото иста состојбата а болки појаки, истуркав 12ч болки за раѓање, со затворено грло. Решено беше одиме царски пак. И тоа веднаш. Се породив во 8.50, здраво право машко бебе, со спинална анестезија за која сум преблагодарна бидејќи веднаш си го видов моето бебе.
Многу убаво искуство од предродилна сала, шок соба па и доктори и болница воопшто. Сестрите кај родилките беа малце по мрзеливи, но се на се преубаво искуство.
Советите од курсот многу ми помогнаа за болките да ги поминам, да воспоставам лактација и воопшто да започнам полесно овој пат. И додека пишувам малиот бумбар цица како професионалец, а јас сум пресреќна мајка на двајца момци! Додуша малку ненаспана 🤣
Леле тоа визуелизацијата е магија еј, магија! 12ч болки без една минута сон само со помош на визуелизација ми поминаа за час. Имаше со мене во предродилна уште една девојка и ми се крстеше како можам да издржам болка без да пуштам глас.